Во скопската населба Тафталиџе, кај поранешната сендвичара „Густав“ на улица „Дрезденска“, денес е пронајдено безживотно машко тело во фаза на распаѓање. Според пишувањата на социјалните мрежи, се верува дека станува збор за сопственикот на овој локал, кој таму спиел на импровизиран кревет.

Неофицијалните информации од мрежите велат дека попладнево телото било изнесено од објектот кој е во близина на основното училиште „Војдан Чернодрински“. Исто така се шпекулира дека сопственикот на „Густав“ починал пред неколку месеци.

Се претпоставува дека телото во сендвичарата го пронашол случаен минувач.