Сѐ уште е прерано да се предвиди крајот на епидемијата од коронавирусот кој се појави во Кина, предупредува Светската здравствена организација.

-Мислам дека навистина е прерано да се зборува за почетокот, а камоли за крајот на епидемијата, изјави Мајк Рајан, шеф на канцеларијата за итни ситуации на СЗО.

Претседателот на Организацијата, Тедрос Адханон Гебрејесус рече дека бројот на нови случаи во Кина се стабилизирал во последната недела, но тоа треба на тоа треба да се гледа со претпазливост.

-Таа епидемија може да тргне во кој било правец, рече Тедрос.

Во Женева продолжи дводневниот форум на СЗО на кој се собраа околу 400 научници од целиот свет за да разговараат за начините за борба против новата епидемија.