Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески вечерва во емисијата „Топ Тема“ изјави дека сосема реално е идната влада на ВМРО-ДПМНЕ да ги зголеми платите за над 20 отсто.

-Се работи за збирен раст, секоја година 5%, вкупно 4 годни. Ако наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може да го искористи целокупниот свој мандат, тоа би значело дека платите ќе пораснат за над 20 до 25 отсто. И тоа е сосема реално, смета Славески.