Мега скандал го потресе Кочани кога се рашири веста дека 11 годишно девојче е во шестиот месец од бременоста.

Дека нешто чудно се случува со детето први забележале наставниците, по што го алармирале Центарот за социјални работи, а случајот бил пријавен и во полиција.

Истрагата покажала дека детето е жртва на силување од страна на 19 годишно лице со иницијали Е.А, со кого детето живеело под ист кров, но не биле во роднинска врска.

Девојчето е отстрането од домот и е згрижено во малиот групен дом во Берово. Според експертите ова претставува сериозен проблем на целото општество.

-За жал фокусот на општеството во Македонија е на некои други теми. Ние сме сведоци дека имаме реформи во разни други области на правото, а семејното право, семејното законодавство за жал остануваат на маргините и бројни се овие теми и дилеми со кои се соочуваат малолетниците-изјави Дејан Мицковиќ, професор на Правен факултет- УКИМ Скопје.

Детето може да има сериозни психички и физички проблеми во текот на натамошниот раст и развој.

Најмлада пациентка која се породила на Акушерското одделение во Штип имала само 13 години, а 11-годишното девојче од Кочани, е најмалото дете на истокот од земјата, кај кое е регистрирана бременост.

На силувачот му се заканува затворска казна до 14 години.