Холивудската актерка Џенифер Анистон која вчера наполни 51 година и покрај тоа што нема среќа во љубовта, не се плаши отворено да говори за својот емотивен статус, но и за стареењето. Позади себе има два развода, од актерите Бред Пит и Џастин Теру, но се’ уште верува дека има многу сродни души кои таму некаде во космосот се создадени токму за неа.

Во продолжение ви пренесуваме неколку цитати од ѕвездата на култната серија „Пријатели“ кои ќе ве потсетат дека навистина треба да уживате во животот.

* Не сум поборник на некоја посебна религија, но верувам во Бог. Не знам како изгледа, но знам дека тоа е мој Бог сигурно. Онака како што јас креирам визија на нешто натприродно, ете тоа е.

* Не ви требаат ни партнер ни дете за да бидете целосни, ниту морате да бидете омажени и остварени како мајки. Секоја жена за себе ја одредува својата среќа.

* Најубаво се чувствувам, и однадвор и одвнатре, кога сум со своите другарки. Заедно сме многу убави, како божици.

* Врската според мене не е работа која е потребна на некоја личност за да опстане. Врската е само цреша на врвот на шлагот.

* Кога ќе сфатиш кој си и што сакаш на себе, се’ ќе разбереш подобро.

* Следи го она со што сакаш да се занимаваш и работи на тоа да успееш во него. Исто така следи го своето срце и интуиција.