Седницата за законот за јавното обвинителство ќе се оддржи вечерва во 21 часот. Ова е најновата информација која ја добиле пратениците. Официјална потврда за седницата има и од Собранието.

Според информации на Плусинфо од Собранието, планот е вечерва да почне седницата за законот за јавното обвинителство, утре да има седница за Изборниот законик, а во сабота да се распушти Собранието.