Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА веќе не се категорични дека нема да го поддржат законот за ЈО, како што изјавија пред неколку дена. Ремзи Мемеди од АА вели дека давањето или не поддршка се разгледува од партиските тела. Во меѓувреме, Абдуш Демири од Движењето БЕСА изјави дека ќе разгледаат повторно поддржувањето на овој закон, доколку преку истиот не се овозможи селективна правда. Додека, потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, вели дека забуната создадена околу текстот на овој закон, кога една верзија поминала во Владата, но истата се донесе во Собранието со некои измени, сега е надмината. Овие ставови за законот за ЈО и другите тековни теми во земјава се дебатираа на емисијата „Патот кон“ кој се емитува на АЛСАТ вечерва во 20:40 минути.