Трипуновски: Ова што се случува не треба да биде пракса и за ваквите ситуации некој ќе понесе одговорност
Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство одржа прес конференција , на која говореше и случаен минувач, кој се пожалил дека е шиканиран како вработен во шумската полиција.

Сакам да изјавам дека врз мене се врши политички прогон, малтретирање, шиканирање, јас сум вработен во шумска полициска станица – Кратово на 28.10.2019 добив Решение во Крива Паланка, после ме вратија на 02.01 и сега на 3-ти повторно ме враќаат пак за Крива Паланка, бевме на суд на 30-ти, а во меѓувреме дојде решението сега гледам од телевизии дека без врзан потпис на техничкиот министер не може. Го повикувам Оливер Спасовски како технички премиер како можеше во МВР толку решенија да поништува, сакам и моето решение да го поништи, на 66 години да ме малтретираат.

Новинарско прашања: Господине, кој ве малтретира и кој ви врши прогон?

Политички прогон е ова, прво од командирот Горанчо Филиповски од мај 2019 добил усмена наредба од началничката Аница Симонова, јас не работам ништо, во канцеларија седам, немам ноќни, немам теренски, празници немам, ме шиканираат шест месеци така и после ме праќааат во Крива Паланка, па ме праќаат во Кратово, сега повторно ме праќаат во Крива Паланка, ова не личи на ништо. Им сметам затоа што си ја вршам работата чесно, се замерив со сите криминалци дрвокрадци, а сега никој не смее ништо и сите се завиени во ракавици и добри се. Има некои луѓе откако сум јас таму 10 години имаат само по два, три записника за непознат сторител, а јас имам преку 100 записника, на наш народ ако ми „брцнеш во џебот, како во џигерот да му брцнеш“ велат, затоа сметам дека политички ме шиканираат. И уште еднаш напоменувам Оливер Спасовски нека го поништи решението како за во МВР, така да важи и за мене.

Новинарско прашање: Зашто велите политички прогон, имате книшка од некоја партија?

Одговор: Имам од Социјалистичка партија и затоа тие сакаат сега на мое место да примаат, 66 години имам и решение за продолжување потпишано уредно, плус уште една работа да ви кажам во медика С Крива Паланка бевме на систематски преглед сите, јас сум спортист каратист 5-ти дан имам, психички и физички сум поспремен од било кого,а мене ме враќаат без било резултат, не ми го дадоа резултатот, ми рекоа да дојдам пак во Скопје, пак да правам прегледи да ми кажат од што боледувам. Јас им велам дајте ми документ и реков ќе излезам на телевизија цел свет да слуша и така се прекина тортурата после тоа повторно враќање во Паланка.

Новинарско Прашање: Со кое образложување ве префрлаат во Крива Паланка?

Одговор: Пишува за зголемена работа од Крива Паланка, колега исто од ВМРО ДПМНЕ го пратија на мое место во Кратово, а јас на негово место. И сега пред изборите требаше да има состанок со синдикатот за да не не праќаат и враќаат повторно. Ова не личи на ништо.

Цветан Трипуновски:

Јас да се надоврзам на овој случај ова што денеска ме запозна господинот Атанас е нажалост лоша реалност во време на техничка влада каде што дополнителниот министер, заедно со министерот треба да одлучуваат за сите кадровски прашања, гледаме дека не е случај и дека е на некоја друга основа малтретирани преместувани во друга подрачна единица.За жал судот му пресудил во негова корист, дека треба да биде во подрачната каде што е вработен.Ова што се случува не треба да биде пракса и за ваквите ситуации некој ќе понесе одговорност.Ова е класично изживување со вработените, се со цел да се користи овој момент како дополнителен притисок. Јас ова не го оправдувам, го осудувам во целост и не само за Шумска полиција туку за било кое преместување во миинистерството коешто во изминатиов период, изминативе години бевме сведоци дека се случува, Шумска полиција, подрачни единици во министерството итн. Апелирам за ова да се престане ова решение да се корегира затоа што ое противзаконско и има правни консеквенции и во иднина да не се повторува се до одржувањето на изборите и формирањето на новата влада.

Новинарско прашање: Добро освен што го осудувате што вие ќе преземете во конкретниов случај за да му помогнете на човекот ?

Одговор: Ако министерот го гледа ова мое обраќање и обраќањето на господин Атанас не треба ништо да се превеземе треба веднаш да го коригира решението. Првин не требало да се дозволи да се случи вакво нешто. До кога во оваа држава ќе треба да апелираме да се коригираат сите неправилности Тој министер кој што има цел правен сектор треба да му каже во време на техничка влада дека не треба да го прави ова. Не треба Цветан да му каже. Ама во таква ситуација живееме во таква држава тука сум јас со мојата позиција да апелирам за сите вакви неправди и ова треба уште денеска да се корегира.

Новинарско прашање : Дали намерно закажувате во исто време прес со министерот ?

Одговор: Не јас не ни знаев дека министерот има закажано пресконференција, јас веќе си ја планирав затоа што господинот дојде во 10 часот сакаше да си го обзани во медиумите, јас бев фрапиран од тоа што ми го соопшти и сакавме да ја информираме македонската јавност, чиста коинциденција.

Новинарско прашање Имате ли соработка и каква комуникација имате со министерот соработувате ли?

Одговор: Видете и конкретно за овој случај кој што е денеска го афирмираме во јавноста го кажуваме на првиот и единствен состанок што сме го имале со министерот Трајан Димковски, неговите правници изготвија документ кој што децидно цитираат дека сите вакви вработувања и преместувања и прераспределувања во министерството треба да бидат со потпис на дополнителниот заменик министер. Јас жалам што не го понесов документот ќе ви го доставам дополнително, потпишан е од министерот и очигледно не си го почитува ни сопствениот потпис.

Новинарско прашање : Значи само еден состанок сте имале со министерот?

Одговор: За жал да само еден

Новинарско прашање: Дали и како влијае тоа на работата на институцијата тоа што немате соработка?

Одговор: Во целава ситуација трпат земјоделците јас постојано апелирам за откупот на тутунот и за другите промашувања како политики на министерството и вакви човечки судбини кои што се земаат во оваа предизборна кампања и се користат за политички маркетинг и притисоци за жал очигледно дека не додира до министерот.

Новинарско прашање : Господнине да ве прашам околу откупот на тутунот министерот спомна 97 % биле откупен во прилепскиот регион, само 3 % бил во нивните складишта, каква е ситуацијата и каде е точно прооблемот, точно ли е дека има само 3% ?

Одговор: Додека министерот не ги прошета сите села во Република Македонија каде што се произведува тутун овие прес-конференции и овие изјави не му држат вода. Едноставно ситуацијата на терен е премногу алармантна, јас постојано апелирам и од терен и во моите изјави и во моите апели, очигледно дека не сакаат оваа реалност не ја сакаат да ја земат здраво за готово. Има премногу тутун кој што е неоткупен, не знам тие податоци кој му ги фингира и едноставно испаѓа смешен кога ги кажував во јавноста, единствено ситуацијата на терен е многу алармантна. Постои голема веројатност да не биде откупен времето се затоплува,квалитетот му се намалува доаѓа крајниот рок за откупување и ако остане неоткупен тутунот ќе имаме сериозен проблем. Јас не знам што треба да направам за да го убедам министерот да ги земе работите во свои раце. Одговорноста е кај него, тој е актуелен министер во министерството, но она што не сакат да го земат како релност мене дополнително ме загрижува.