За денеска во 11 часот закажана е собраниската седница за предлог-измените во законот за јавното обвинителство.

Собранието синоќа со доцнење ја почна расправата за законот, но истата беше прекината и презакажана за денеска.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека нема услови да се продолжи седницата затоа што за збор во расправата се јавиле над 30 пратеници.