Бурен петок пред пратениците . Две важни седници се закажани а како ќе се одвиваат нештата ќе видиме што ќе донесе денот.

Пред народните избраници први се седниците кои се однесуваат на предлог законот за јавно обвинителство и предлог законот за Советот на јавни обвинители. Терминот за нивно одржување е 11 часот.

Од друга страна во 15 часот би требало да почне седницата на која треба да се разгледа предлогот на техничкиот премиер за разрешување на техничката министерка Рашела Мизрахи која според Владата го прекрши Уставот спротивставувајќи се прес конференциите да ги одржува пред табла со новото име на државата.

Спасовски, кој предлага разрешување, рече дека чека ново име за таа позиција од опозицијата и посочи дека кого и да предложат тој ќе го прифати.

Предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политиказ Рашела Мизрахи е ставен утре на собраниска седница.

Мизрахи пак не отстапува од нејзиниот став дека таблата ја затекнала и ако треба ќе плати казна но неа да држи пресови пред табла со името Северна Македонија.