Мисајловски: Aко во недела не се распушти Собранието, сите опции се отворени
Сите опции се отворени, ако во недела не се распушти Собранието, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во интервју за емисијата „360 степени“.

Мисајловски открива дека имало различни размислувања во органите на партијата, кои чекори да ги преземе опозицијата и одлучиле до 16-ти февруари да останат во Собранието, за кога е закажана седницата за распуштање.

-Дали ВМРО-ДПМНЕ потоа ќе излезе на улица, дали ќе има дополнителни демократски мерки и слично, тоа ќе го договориме во партијата, ќе го соопштиме на јавноста, но сите опции се отворени. Не можам од сега да кажам што ќе се случи, бидејќи на Извршниот комитет имавме многу голема дебата за овие прашања. Ги ставивме на кантар сите можни сценарија што ќе се случат. Но во тој момент одлучивме декаВМРО-ДПМНЕ мора да биде до недела во Собрание за да се случи тоа што нам најмногу ни одговара – распуштање на Собранието, изјави Мисајловски.

Разговорот со Мисајловски е дел од интервјуто кое ќе се емитува вечерва.