Кралот на ноќните свирки меѓу убави жени, вино, песна и пари во спот од „милион долари“: Жаре-Бербер ја претстави – „Циганко мала“
Кога некој трае дваесет и кусур години на естрадната сцена, значи дека не е случајно… Мора да вреди. За Жаре-Бербер доволно е да се каже дека најдобрите забави изминатите години не поминале без него во главна улога.

Впрочем, скопјани, но и цела Македонија тоа го знае. Деновиве Жаре е повторно актуелен со нова песна и спот, по промоцијата на неговата последна ,,Понекад”.

За спотот за „Циганко мала“ може да се каже дека вакво нешто ретко се гледа кај нас. Сценарио на кое можат да позавидат дури и во соседството.

„Идејата за спотот е моја, ја реализирав вложувајќи многу енергија и сè што е потребно за високо квалитетен спот. Со момчите од бендот одлучивме дека од сега па во иднина сите видеа ќе ги работиме во нашa продукција, бидејќи заклучивме дека ова е само еден показател дека човек може сè да направи кога ќе вложи многу љубов и енергија“ – вели популарниот скопски забавувач.

Ентериерот и гардеробата во видеото потсетуваат на некои минати времиња, за кои Жаре појаснува:

„Тие се дел од сцената и се изработени за приказната во видеото да изгледа како да е некаде од почетокот на минатиот век, со цел да се прикаже убава и топла атмосфера во која сите уживаме“.

Инаку, приказната во опишува сцена од една нивна свирка. Жаре и бендот се наоѓаат во кафеана, каде ги служи и забавува девојката која случајно ќе се најде на вистинското место во моментот кога бендот е предаден на добрата песна, доброто вино и прекрасната атмосфера се’ со цел Жаре да ја заборави љубовта на неговиот живот за која се пее во песната и каде ја троши целата заштеда која се наоѓа во куферот.

Спотот изобилува со преубави девојки за кои Жаре открива кои се:

„Девојките се мои пријателки и пријателки на бендот, девојки кои доаѓаат на нашите настапи“.

Како автор на песната се потпишува Горан Јовановиќ –Топче, а аранжманот е на Боби Василевски, гитаристот од групата „Нон стоп“, кој се покажува како многу добар и во овој музички правец.

„Видеото носи и одредена порака. Ова е видео во кое сакаме точно да ја прикажеме единствената поента на животот, дека љубовта е единственото нешто што може да ве помести од колосек и да ве натера инспирирани од неа да се препуштите на кафеанското и боемско уживање. Добра чашка и добра музика, се’ со цел да ја заборавите љубовта на вашиот живот, која може да остави трага на вас. Ваква ситуација во животот, верувам дека секој од нас барем еднаш почувствувал“ – заклучува Жаре, канејќи ве премиерно да ги проследите песната и видото во продолжение: