Енрике Иглесијас и Ана Курникова ја покажaa својата новородена ќерка. Поранешната тенисерка го роди своето трето дете пред две недели.

Откако со денови, пејачот и неговата сопруга го криеа новороденчето, на инстаграм објавија фотографија од нивната ќерка направени во породилното одделение.

„Моето сонце“ е напишано под сликата на Курникова, гушкајќи го бебето веднаш по раѓањето.

Иглесијас и Курникова се една од најпознатите дискретни парови во Холивуд. Тие веќе ги имаат близнаците Никола и Луси, кои се родени во декември 2017 година.