Повеќе од десетина членови на кралското семејство ќе му оддадат почест на починатиот војвода од Единбург во документарен филм што ќе се емитува на „Би-би-си уан“ подоцна овој месец.

Четирите деца на кралицата и војводата ќе се појават во „Принцот Филип: кралското семејство се сеќава“, како и нивните возрасни внуци и други членови на семејството.

Програмата првично беше замислена да го одбележи 100. роденден на принцот Филип. Ќе вклучува интервјуа снимени и пред и по смртта на војводата во април на 99-годишна возраст.

Би-би-си најавува дека „членовите на семејството и кралскиот персонал ќе понудат лични мисли и сеќавања во историсккиот документарец“.

Програмата вклучува „потресни спомени, многу хумор и бројни свежи сознанија за ликот и наследството на овој кралски пионер“, пренесува британскиот јавен сервис.

„Со посебен пристап до приватната колекција филмови на кралицата, овој филм е портрет на човек со единствено место во кралската историја.“

Едночасовниот документарен филм ќе се емитува на 22 септември во 21:00 часот по средноевропско време.