Џорџ Расел изјави дека Мерцедес му ветил дека следната сезона ќе има еднаков третман како и седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон и дека не очекува дека меѓу нив двајца ќе има несогласувања како што беше со Нико Розберг.

„Многу јасно ми е кажано. Мислам дека од Мерцедес по тоа прашање се многу поштени и дека и двајцата возачи ќе добиеме подеднаква шанса. Не очекувам дека би можело да има несогласувања меѓу нас двајца“, изјави Расел.