Љубителите на кокос нема да одолеат на овој рецепт, а со сигурност нема да доброите колку колачиња ќе изедете.

Овие баунти бомбици се прават многу брзо и лесно, а се топат во уста.

Потребни состојки:
190g грчки јогурт
200g кокосово брашно
10ml мед
Темно чоколадо, стопено
Начин на подготовка:
Измешајте го кокосовото брашно со грчкиот јогурт и медот и мешајте додека добиете хомогена смеса.
Направете топчиња од тестото, наредете ги во сад и оставете ги во фрижидер барем 30 минути да се стврднат.
Пред да ги извадите од фрижидер кокосовите топчиња, стопете го чоколадото.
Ставете стапчиња за ражничи во топчињата и потопете ги во стопеното чоколадо, а потоа оставете ги на хартија за печење да се изладат.