Македонската фудбалска легенда Горан Пандев досега во кариерата има одиграно 475 натпревари во Серија А.

Тој моментално е на третото место на активини фудбалери во италијанската лига со најмногу натпревари. Пред него се само Самир Хандановиќ со 517 натпревари и Фабио Кваљареласо 502.

Интересно е да се напомене дека зад Пандев се италијански легенди како Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи. Нашиот фудбалер може да ја мине границата од 500 натпревари, но ќе треба да игра редовно оваа сезона за Џенова, која веројатно е последна во неговата кариера.