Помфрит во ресторан е секогаш повкусен од оној што го правиме дома, но има мал трик што може да ги претвори дури и оние обичните „домашни“ компирчиња во највкусниот специјалитет.

За почеток, важно е да изберете совршен компир. Изберете ги оние „брашнасти“, со повеќе скроб, како и оние со потемна кора. Скробот е клучот за компирите да бидат крцкави однадвор и меки однатре, вели готвачот Пол Малвоне за Greatist.

Следно, начинот на кој го сечете компирите е важен. Оптималната ширина е околу 6 милиметри, ако е потенка лесно ќе изгори, а внатре ќе остане сурова, а ако е подебела нема да биде доволно крцкава.

После тоа, следи клучниот дел. Влагата на компирот го отежнува печењето затоа што маснотиите потешко се држат до површината на компирот, затоа исушете ги во кујнска крпа пред печење. А трикот, односно тајната состојка која прави чуда за помфритот, е пченкарно брашно кое едноставно малку го посипувате врз помфрит. Брашното или скробот од него ќе соберат вишок течност и ќе создадат слој на компирот што ќе ви помогне да постигнете крцкавост како во рестораните. Ова е токму клучот за добивање на совршен помфрит. Доволна е лажичка пченкарно брашно за килограм компир.

Исто така, не ги „давете“ компирите во масло. Доволна е една лажица масло за килограм компир, и важно е само секој компир да се „премачка“ со масло.

Потоа рамномерно распоредете ги на плехот за печење и ставете ги во рерна, која треба да се загрее. Идеалната температура е околу 230 степени Целзиусови. Печете ги околу 20 минути, а на половина од печењето, превртете ги и ќе имате совршен помфрит, како од ресторан.