Актерката на МНТ, Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица чие 29-то издание заврши синоќа.

Наградата ја доби за улогата на Таа во преставата Само глас од Нина Плавањац, а во режија на Марјан Нечак. Како што кажа претседателката на жирито, Ангеловска била уверлива во својата креација на ликот, актерски моќна и стамена на сцена со одлични трансформации на сцена.

Ангеловска по вторпат ја добива наградата Ристо Шишков. Таа синоќа не беше на затворањето на фестивалот, а денеска телефонски ни изјави дека не ја очекувала бидејќи веќе еднаш била прогласена.

Според неа, истата била само потврда за одговорноста на актерите да покажат подобри резултати.

На ФКТ „Ристо Шишков“ годинава беа изведени престави од земјава, но и од Србија, Бугарија и Хрватска, а истиот се одржа согласно ковид протоколите за заштита од коронавирус, а пак бројот на посетители беше ограничен.