Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи упати порака по повод Меѓународниот ден на демократијата.

Во годината кога Република C. Македонија слави 30 години независност и самостојно учество во животот на заедницата на народите, го славиме и големиот принцип – дека демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот – пишува Заев.

Според Заев, денешниот ден е потсетник дека демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, застапувано од политичките претставници за да владее доброто управување.

Во нашата Република C. Македонија демократијата ја градиме на инклузивноста, на еднаквоста на сите без исклучок, и само како таква е темел за одржлив развој и за почитување на човековите права. Негувањето на демократијата и на демократските институции ја зајакнува кохезијата во нашето општество и го издвојува приоритетот за обединување за да ги оствариме врвните државни интереси и главните национални приоритети – вели Заев.