Детали за видот или дострелот на проектилот не се објавени
Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во морето, соопшти јужнокорејската војска, два дена откако Пјонгјанг објави дека ќе тестира нова крстосувачка ракета со голем дострел.

Според соопштението на Генералштабот на јужнокорејската армија, Северна Кореја „истрела неидентификуван проектил во Јапонското Море“.

Детали за видот или дострелот на проектилот не се објавени.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА викендов најави дека ќе има тестирање на крстосувачка ракета со голем дострел наведувајќи дека тоа е стратегиско оружје од големо значење.