На 15.09.2021 во 05:50 часот, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево – Отсек потраги, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.О.(25) од с.Палиград, општина Зелениково, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка.