Денеска во градот Алмело во Холандија дојде до напад, при што убиени се две лица, а едно лице беше повредено.

Осомничениот е ранет и уапсен, јавуваат локалните медиуми. Иако, мотивите за нападот се непознати, властите на нападот гледаат како на терористички акт, објави Телеграф, повикувајќи се на портпаролот на полицијата.

На местото на нападот забележани се возила на итна помош и повеќе полициски возила и екипа на специјална полиција.

Полугол маж пукал од балкон кон минувачите?

РТВ Ост објави снимка на која е прикажан полугол маж со самострел на балкон, додека во заднина се слуша истрел од огнено оружје. Мажот наводно од самострел пукал по минувачите.

Полицијата испали повеќе куршуми при апсењето на осомничениот.

Полицијата на Твитер прво смируваше дека се е под контрола, за подоцна да објави дек аситуацијата е критична.

Ситуацијата се смирила околу 12.45 часот.