Владата на државата Викторија во Австралија, донесе одлука сите професионални спортисти да мораат да бидат вакцинирани против коронавирусот, а оваа одлука би можела да влијае и на бројот на освоени грен слемови на Новак Ѓоковиќ.

Според одлуката на Владата до 26. ноември сите вработен мора да се вакцинирани, а меѓу вработените спаѓаат и професионалните спортисти, пренесоа австралиските медиумите.

Останува да се види како Владата на Викторија ќе се однесува кон спортистите кои немаа престој во оваа држава. Нормално, најмногу внимание предизвикува претстојниот турнир – Австралија опен кој се игра во јануари наредната година во Мелбурн. Засега тоа се однесува само на локалните спортисти, но многумина шпекулираат дека ова е најава за ригорозните мерки пред големиот турнир.

Доколку ова навистина биде случај, сите тенисери кои сакаат да учествуваат на првиот грен слем турнир наредната сезона ќе мора да бидат вакцинирани и тоа со две дози.
Ваквите вести воопшто не одат во прилог на Србинот Новак Ѓоковиќ, кој со месеци се бори со тоа дека вакцинацијата треба да биде избор на поединци и дека никој не треба присилно да се вакцинира. Доколку условите за учество на Австралија опен бидат две примени дози од вкацината, можно е во Мелбурн да не настапи најдобеиот тенисер во светот.

Годинава, властите во Австралија за време на турнирот во Мелбурн држеа строги правила на карантин на кои тенисерите мораа да се прилагодат.