Додатоците во исхраната и витамините, во договор со доктор, добро е да се користат во текот на целата година, но не некои посебно треба да се обрне внимание во есенските и во зимските месеци. Тие помагаат да се зајакне имунитетот и здравјето на организмот.

ВИТАМИН Д
Овој витамин го добиваме по природен пат преку сончевата светлина и би требало да се добие во потребните количини од крајот на март до септември. Но, од октомври до пролет на нашето темо му треба мала помош за да ја надополни потребната количина која изнесува околу 10 микрограми дневно.

Витаминот Д е потребен за регулација на калциумот и на фосфатите за да имаме здрави коски и мускули. Недостатокот на витамин Д во организмот може да предизвика депресија, замор, болка и слабост во мускулите.

ЖЕЛЕЗО
Иако на недостатокот на железо треба да се внимава во текот на целата година, тоа е посебно важно во ладните есенски и зимски денови. Ако забележите симптоми на анемија треба да се обратите на лекар. Ако мислите дека не добивата доволно железо преку секојдневанта кисхрана, треба да земате додаток на железо или таблети.

ВИТАМИН Ц
Витаминот Ц ги одржува клетките здрави, како и кожата, крвните садови, коските и рскавиците. Исто така, витаминот Ц помага во зацелување на рани. Докторите укажуваат и дека витаминот Ц може сериозно да ја намали настинката бидејќи го зајакнува имунитетот на телото.

Но, укажуваат и дека прекумерната употреба на витамин Ц може да биде штетно за организмот. За возрасните меѓу 19 и 64 години потребни се 40 милиграми витамин Ц дневно.

МАГНЕЗИУМ
Магнезиумот е минерал кој го помага имунолошкиот систем и во трансформирањето на храната во енергија. Се препорачува да се зема магнезиум во текот на целата година, а не само за време на зимските месеци.

Недостатокот на магнезиум е многу честа појава со оглед на тоа дека тој е втор најчест електролит во човечкото тело. Ниското ниво на магнезиум во организмот може да предизвика висок крвен притисок, ниска толеранција на глукоза и нервно растројство, што пак може да предизвика проблеми во менталното здравје и појава на депресија.