Познатата холивудска актерка, Деми Мур, се појави на модната недела во Париз со една од трите ќерки што ги има со актерот Брус Вилис.

Имено, Скаут Вилис (30) присуствувала на серија модни ревии со нејзината мајка Деми Мур, и двете имаа совршено усогласена облека.

Деми носи црн комбинезон со светки, додека нејзината ќерка избрала младешки тренд, па облече црвени хеланки и фустан со иста боја. Многумина коментираат дека славната актерка изгледала многу млада, и дека изгледаат како сестри.

Да потсетиме, Деми Мур беше во брак со Брус Вилис 13 години, а двојката има три ќерки.