Синот на легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ, Александар Здравковиќ денес живее во Торонто во градот каде токму неговите родители се запознале.

Дека гените се чудо, зборува и фактот што и тој се занимава со музика, а музичката кариера се одлучи да ја започне во Торонто каде отворил приватно музичко студио каде создава песни.

Сопственикот на најголемите хитови на народната музика Тома Здравковиќ во бракот со сопругата Гордана Здравковиќ го доби синот Александар кој никогаш не се експонирал во јавноста.

Тома ја запознал Гордана во Торонто, а во 1978-та година го добија синот, по што пејачот се вратил во Србија и го продолжил својот живот.

Парот бил во брак 18 години, а во текот на нивниот бурен заеднички живот се случувале разни ситуации поради неговата кариера.

-Кога ќе дознаат чиј син сум прво ме прашуваат како сум израснал без него. Некогаш се претставував како Александар Саша за да го избегнам товарот на презимето Здравковиќ, бев премлад кога почина, а подоцна сфатив што тој значеше за музиката во регионот, изјави во една своја прилика неговиот син.