Џенифер Лопез и Бен Афлек синоќа беа на премиерата на новиот филм.

Премиерата на филмот во кој Бен Афлек игра една од главните улоги се одржа синоќа во Њујорк. Станува збор за историската драма, „Последниот дуел“. Очекувано, Бен дојде „рака под рака“ со својата девојка Џенифер Лопез.

Џенифер (52) ги привлече сите погледи кога прошета по црвениот тепих во интересна комбинација.

Пејачката и актерка за премиерата носеше комбинација од златна и кафеава боја. Таа искомбинира долго здолниште со висок шлиц на страна и кратка ролка со долги ракави.

Врза дел од косата во цврсто репче, а со комбинацијата на здолништето и кратката ролка, имаше и торба со животински принт.

Додека беа на црвениот тепих, Џенифер и Бен не можеа а да не разменат барем еден бакнеж.