Искусниот тренер Грег Поповиќ најверојатно за последен пат го предводи Сан Антонио спарс затоа што на крајот на сезоната планира да ја заврши одличната кариера.

Поповиќ има договор до 2023 година, а американските медиуми пишуваат дека би можел кариерата да ја заврши порано од предвиденото, со тоа што како негова замена се споменува Беки Хaмон како фаворит за таа позиција и прв женски тренер во НБА-лигата, но и Тим Данкан и Ману Џинобили.

Пред една година Грег доби исклучување, а на тој натпревар Беки Хемон ја презеде тренерската палка, го водеше тимот до крајот на играта и на тој начин се запиша во историјата на НБА лигата.