Германската канцеларка Ангела Меркел побара меѓународна помош за да се спречи економски колапс на Авганистан.

– Не може да биде цел на меѓународната заедница да гледа како 40 милиони луѓе се во хаос поради електрична енергија и во отсуство на финансиски систем, рече Меркел по специјалниот онлајн Самит на Г-20.

– Нема да добиеме ништо доколку се урне целиот монетарен систем или финансискиот систем во Авганистан, бидејќи тогаш ниту хуманитарна помош повеќе не може да се обезбеди, рече Меркел. Таа истакна дека Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка имаат голема задача да спречат колапс на финансискиот систем на земјата.

Меркел потврди дека Германија ќе обезбеди 600 милиони евра помош, како што беше ветено на донаторската конференција во септември. Покрај хуманитарната помош, Меркел исто така рече дека е потребна брза кампања за вакцинација.