Косовската специјална полиција РОС упадна на повеќе локации на северот од Косово во акција за „спречување на криумчарење стока“. Во судирите до кои дојде, српските медиуми јавуваат за десетици повредени, од кои едно лице е во животна опасност.

Косовска полиција јавува дека шест полицајци повредени и тројца уапсени во денешната акција во северно Косово.

Тешко повредниот Србин е веќе опериран и се наоѓа во стабилна состојба, информираат од болницата во Косовска Митровица.Искршени автомобили, амбулантни возила и пожарникари беа на улиците, а граѓаните се собраа во центарот на Митровица. Во еден момент, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата. Косовската полиција соопшти дека полициската акција во раните утрински часови „за постигнување стратешки цели во спречувањето на криминалот, особено во борбата против шверцот на стока во аптеките“. Акцијата се спроведуваше во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна Митровица и Северна Митровица. Српското државно раководство во првичната реакција ја осуди оваа, како што ја нарече „налудничава политика на Приштина“ и од меѓународната заедница, КФОР и ЕУ побара да го „заузда Албин Курти“, бидејќи ситуацијата била „ на работ на хаос“.

Што ќе преземе меѓународната заедница, што ќе преземат КФОР, НАТО, чија е обврската според резолуцијата 1244, како единствена вооружена сила на Косово и Метохија да го брани Српскиот народ и да обезбеди мир и безбедност. Последните месец дена сме сведоци на напади врз нашиот народ и РОС спротивно на сите спогодби упаѓа на сверот на Косово и Метохија, да прават проблеми и со енергетиката, да прават проблеми и со правосудството и со пресудата на Иван Теодосиевиќ да воведуваат апсолутно неприфатливи и спротивно на договорот со ЦЕФТА антидампинг мерки. Гледате дека од ден на ден генерираат некоја нова криза- Петар Петковиќ, директор на српската канцеларија за Косово и Метохија .
Од кабинетот на косовскиот премиер Курти соопштија дека акцијата е завршена и повикаа на смирување на ситуацијата.

„Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани. Ќе има борба против нив. Ќе се бориме и ќе спречиме шверц“, напиша Курти на својот фб профил.

Српскиот претседател александар Вучиќ се упати кон Рашка и се очекува да и се обрати на јавноста.

Инцидентите на Косово ги осуди високиот претставник на Европската унија за надворешни работи, Жoзеп Борел,барајќи нивен итен прекин. “Едностраните и некоординирани дејствија што ја загрозуваат стабилноста се неприфатливи. Сите отворени прашања мора да се решат преку дијалог со посредство на ЕУ. Ние сме во контакт со Белград и Приштина”, објави Борел на својот Твитер профил.