Народната банка смета дека нема потреба од монетарна рекација во однос на инфлацијата, но внимателно ќе ги следи случувањата. Ова е констаирано по вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. Односно, во НБРМ сметаат дека инфлацијата не е резултат на поголема побарувачка на производи од она штое понуда, туку само има зголемени цени на страна на понудата.

„Во отсуство на притисоци од страната на побарувачката, умерените нагорни придвижувања на инфлацијата засега произлегуваат од фактори на страната на понудата. Оттука, засега не се оценува потреба од монетарна реакција на овие ценовни движења, но ќе продолжиме внимателно да ги следиме, информира денеска Народна банка.
Во однос на инфлацијата, во периодот јануари-септември во просек годишниот раст на цените изнесува 2,8 проценти. Остварувањата кај инфлацијата се нешто повисоки од очекувањата и заедно со нагорните ревизии кај увозните цени укажува на ризици за умерено повисока инфлација од проектираната од 2,2 проценти.