Во Германија има се повеќе мигранти кои доаѓаат преку „белоруската рута“
Во последните неколку месеци се зголемил бројот на мигранти кои пристигнале во Германија преку Полска и Белорусија.

Германската федерална полиција објави дека оваа година повеќе од 4.300 луѓе илегално ја преминале германско-полската граница преку Белорусија, а повеќето мигранти доаѓаат од Ирак, Сирија, Јемен и Иран.

Од јануари до јули беа регистрирани само 26 лица кои дојдоа до таканаречената „белоруска рута“, додека 474 пристигнаа во август, 1.914 во септември и 1.934 во првите 11 дена од октомври – објави федералната полиција.

Повеќето мигранти се сместени во прифатни центри за азиланти во источната сојузна држава Бранденбург. Поставени се дополнителни шатори веднаш до редовните центри каде може да се сместат 3.500 луѓе за да се ослободи простор за околу 5.000 мигранти.

Ситуацијата не е драматична, но е тешка. Постои и загриженост дека корона вирусот може да се шири меѓу новите мигранти – вели Олаф Јансен, шеф на централната канцеларија за странци во источно германскиот град Ајзенхитенштад.

Лидерите на ЕУ, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, ги обвинија белоруските власти дека ја олеснуваат миграцијата во ЕУ како форма на „хибридна војна“ за дестабилизација на Унијата.

Илјадници мигранти влегуваат во Белорусија со туристички визи по што се охрабрени од белоруските служби да преминат во Полска, Литванија или Летонија – ЕУ земји што граничат со Белорусија.