Посетата се остварува во светло на засилената билатерална соработка меѓу Македонија и Грција, како и изразената грчка поддршка за европските интеграции на земјава.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, на 14 и 15 октомври 2021 година, ќе биде домаќин на работната посета на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис.

Посетата се остварува во светло на засилената билатерална соработка меѓу Македонија и Грција, како и изразената грчка поддршка за европските интеграции на земјава. Во тој контекст, ќе се разговара за можностите за продлабочување на соработката и техничката помош од грчка страна, како и остварувањето на заедничката стратешка цел што подразбира официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Вицепремиерот Димитров и алтернативниот министер Варвициотис ќе остварат билатерална средба на 14 октомври 2021 година (четврток).

Во рамки на посетата, алтернативниот министер за надворешни работи Варвициотис ќе се сретне и со претседателот на Владата Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.