Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, го нарече „забеган“ претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со идејата за Албанец претседател на државата.
Села, во своето гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, запрашан како гледате на ова барање на ДУИ, одговори:

„Ве молам, не давајте минутажа во оваа многу важна емисија за граѓаните, за да ги коментирам следните грешки и лаги на човек кој прави грешки од ден на ден. Тоа ќе го кажам“, рече тој.