Полицијата во Скопје, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера изрече вкупно 163 мерки, меѓу кои 24 за возење повеќе од дозволената брзина,15 за возење без возачка дозвола и шест за возење под дејство на алкохол.

Исто така, изречени се 9 санкции за користење мобилен телефон, 7 за непрописно престројување, 6 за некористење сигурносен појас, 7 за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и 60 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.