Премиерот Зоран Заев го отвори утрово Western Balkans Summit 2021, престижен настан во организација на видниот The Economist, настан на кој групацијата Фактор е ексклузивен медиумски спонзор. Настанот го организира The Economist и е насловен како „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“. Премиерот во воведното обраќање рече дека Македонија е фокусирана на постигнување на целта, членството во Европската Унија. Вели дека е горд што земјата го постигна договорот со Грција и го отвори патот на Македонија кон унијата, а потоа се осврна повеќе на економската ситуација и очекувањата по ковид.

„Имаме раст на 5,6 проценти на БДП во првото полугодие и 13,1 отсто само во вториот квартал. Светскат абанка ги зголеми очекувањата за раст на економијата, и ние очекуваме стабилен период. Ќе имаме нов концепт за привлекување странски инвестиции со индивидуализиран пакет за поддршка на компаниите која може да достигне и до 50 отсто од инвестицијата, рече Заев.

Тој потврди дека има страв од инфлација која е структурна и увезена и најверојатно ќе влезе и во Македонија.

Премиерот на Косово Албин Курти рече дека иднината на регионот зависи од сите нации кои го сочинуваат. Рече дека се потребни демократски нации а не автократии и дека требада с епосвети внимание на владеењето на правото во земјите.

„Нестабилна демократија е нешто што е карактерситика на овој регион, зависното судство, контролат ана медиумите сето тоа е наш најголем проблем. И конечно ни емораме да се соочиме со минатато и само така ќе с епосветиме на иднината, рече Курти.

Заменик премиерот на Владата на Црна Гора Дритан Абазовиќ рече дека секоја криза е нова можност адека во Западен Балкан криминалот и корупцијата се најголем непријател.

Нашата реторика не е слична на нашите постапки. Ако сакаме да одиме кон ЕУ мора да сме пријатели на соседната земја да гледаме како пријател. Има многу билатерални нерешни проблеми, но секако има многу потенцијал за развој, рече Абазовиќ.

Инаку панелистите на овој врвен настан ќе дебатираат и ќе се обидат да одговорат на дилемите како стоиме на овој план? Како може да се зајакне стабилноста и соработката во регионот? Како може да се забрза интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ? Кои се приоритетите за Северна Македонија и регионот во пост-ковид периодот?

Ќе се отвори и дилемата каква е визијата на Европската унија за Западен Балкан, но и дали Преспанскиот договор го промени амбиентот. Дискусии на оваа тема ќе имаат Јоргос Папандреу, поранешен грчки премиер, Јошка Фишер, поранешен вицеканцелар на Германија, Дејвид Гир, евроамбасадор во Северна Македонија, како и Никола Димитров, македонски вицепремиер за евроинтеграции.

Трасирање на патот за раст и просперитет во постковид светот, е дилемата на која свои размислувања ќе презентираат македонскиот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, Јерун Диселблум, претседавач на Еврогрупата, Матео Ривелини од Европската инвестициона банка, како и Анди Аранитаси, шеф на Европската банка за обнова и развој во Македонија.

Ќе се отворат и други значајни теми, како онаа за безбедносните предизвици во постковид светот, на која ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и дискусија за американските приоритети за Западен Балкан, на која ќе говори Габриел Ескобар, американски заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи.

За приоритетите во финансискиот сервисен сектор ќе зборуваат гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, со главни теми фискална политика, финансиски амбиент, но и дали банкарскиот сектор одговара на пост ковид светот.