Македонскиот јазик е меѓународно признат во лингвистичкиот свет а неговото долгогодишно негирање од страна на Бугарија е со политичка позадина .

Македонскиот јазик е меѓународно признат во лингвистичкиот свет а неговото долгогодишно негирање од страна на Бугарија е со политичка позадина која никако не соодветствува со научните факти вели раководителот на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици професор Искра Пановска- Димкова.

-Катедрата за македонски јазик доволно е да си ја работи својата работа, научната работа.. да образува кадар и да излегуваат македонисти во што поголем број. Апсолутно не очекувам дека ќе направиме било какви отстапки и не сакам да размислувам за тоа воопшто во однос на македонскиот јазик и идентитет.. апсолутно никакви отстапки. Во таа смисла не гледам како политиката може да му наштети или тој политички спор.- Проф. Искра Пановска- Димкова.

Професорот Димитар Пандев вели дека иако македонскиот јазик константно е мета на жестоки напади, политичката стихија не и може ништо на народнојазичноста.

-Уште недооформена катедрата, македонскиот јазик одново се нашол на жестоки напади во превртливото време. Но, филолошката знајба што се пренесувала низ аулите на Факултетот исполнет со метафори и алегории од стари книги и дневни митови упатувала дека на нескротливата младост на македонскиот јазик поттикната со зрелоста на академската кирилометодиевистика никој ништо не ѝ може. Со други зборови, политичката стихија на народнојазичната,- Проф. Димитар Пандев.

Во филолошкиот факултет на универзитетот Кирил и Методиј денеска се одржа средба на генерации на студентите од Катедрата за македонски јазик по повод 75 години од основањето на истата.