Поделбата на српското општество меѓу партизани -комунисти и четници, е главната тема во претставата „ Поделби“, на режисерот Југ Радивојевиќ, која вечерва гостува во МНТ. Поделбите меѓу луѓето, присутни уште од антиката, никому не му носат добро, а особено не на еден народ, гласи пораката од овој театарски чин

Претставата е работена по романот на Добрица Ќосиќ, во драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ. Таа е копродукција меѓу Српско народно позориште од Нови Сад, Народно позориште од Ниш и Народно позориште од Приштина, со седиште во Грачаница.

Со претставата се одбележуваат еден век од раѓањето на писателот Добрица Ќосиќ и 60 години од неговото добивање на престижната награда на вестикот НИН, за романот „ Поделби“. Ќосиќ e и прв добитник на ниновата награда во 1954 година, за романот „ Корени“.