Членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик синоќа изјави дека во Република Српска се подготвени за вооружени конфликти во БиХ и дека доколку интервенира НАТО тие на помош ќе ги повикаат своите пријатели

– Доколку е потребно, ние ќе се браниме со нашите сили. Ако дојдат да кажат дека НАТО ќе интервенира, ќе побараме помош од нашите пријатели кои јасно и гласно ни рекоа дека тие никогаш не ги оставаат своите пријатели заглавени – рече Додик во интервју за РС Телевизија (РТРС).

Тој не објасни точно на кои странски пријатели мислел.

Додик претходно објави дека наскоро ќе му предложи на парламентот на РС закони со кои ќе се повлече ентитетот од одлуки со кои претходно беа формирани голем број државни институции на ниво на БиХ, како што се унифицираните вооружени сили, државните безбедносни агенции и судските органи.