Пред седиштето на Обединетите Нации (ОН) во Њујорк е пронајден пакет со предмет за кој постоеше сомнеж дека е бомба, поради што полицијата во целост го блокира сообраќајот на Првата авенија.

Тоа беше причина за затворање и на главниот излез од зградата. Полицијата го огради и блокот околу местото на откривање на пакетот за кој се претпоставуваше дека крие експлозивна направа.

Во тој дел на Њујорк се наоѓаат и амбасади на бројни светски земји, па затоа и два блока околу нив беа затворени.

На крајот, сепак, се испостави дека не станува збор за бомба, туку за кутија со цвеќе.