Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се регистрирани 227 нови случаи на Ковид-19 и тоа: Скопје – 128, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип – по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1.

Истовремено, од МЗ известуваат дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица – 6 починати лица од Скопје (75г,75г,70г,76г,64г и 64г), по едно починато лице од Прилеп (79г), Битола (88г), Велес (72г), Кавадарци (63г), Охрид (82), Штип (69г), Крива Паланка (41г), Пробиштип (86г), и Кратово (66). Од пријавени лица 14 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште 1 починато лице, со датум на смрт од 23.10.2021 година. Починатото лице е на возраст од 82 години, од Охрид, починато во домашни услови.

Регистрирани сe 111 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.766, бројот на оздравени пациенти е 186.322, на починати е 7.051, а бројот на активни случаи изнесува 6.393“, велат од МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 1.364.488 тестирања на Ковид-19, a во последнитее 24 часа направени се 2.595 тестирања.