Кандидатот Оливер Илиевски денеска беше на средба со жителите од населбата Иго Тричковиќ, каде одржа прес конференција пред подрачното училиште на ООУ „Христијан Карпош“.

„Клучен проект за оваа населба е решавање на имотно-правниот проблем со објектот на подрачното училиште „Христијан Карпош“, како и целосна реконструкција на истото. Предвидуваме уредување и оградување на училишниот двор и опремување со реквизити, како и изградба на мултифункционално игралиште.“ – истакна Илиевски.

Тој потенцираше дека Владата предводена од СДСМ само во образованието во Куманово инвестираше 3.4 милиони евра, за реконструкција на училишта низ општината. а дека тој како градоначалник, во мандатот 2021-2025 се обврзува тие инвестиции да бидат 6.5 милиони евра,.

„До крај на мандатот секој ученик да има модерно училиште , а наставниците да ги мотивираме со подобри услови за работа. Време е сите училишта во градот да бидат реконструриани и секое од нив да добие спротска сала и игралиште. Само така ќе обезбедиме квалитетно образование.“- заврши Илиевски.