Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска истакнаа дека очекуваат истрага и конкретни обвиненија, а доколку не се работи според законот порачаа дека по промената на власта или како што го нарекуваат „ослободувањето на системот“ ќе одговараат и учесниците во ваквите активности, но и тие кои попречиле истрага.
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, објави нови пораки за кои рече оти се јасни докази дека злосторничка група на Зоран Заев и Оливер Спасовски, составена од над 40 полицајци, во изборната кампања во Прилеп правела црни списоци на автомобили за отстранување од сообраќајниот, организирала физичко следење, давала наредба за измислување прекршоци и правела списоци за гласање.

„Наместо ви име на законот тие делувале во име на партијата на власт. Ваквата параполициска партиска формација вршела брутална злоупотреба, а освен раководството и командирите на прилепската полиција во нејзе учествувале и лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски, рече Ковачки.
Тој вели оти според нивните сознанија, групата била под команда на Кире Китановски од МВР п човек на Оливер Лукаревски кој е советник на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Еве доказ. На 17 октомври 2021 командирот на ОВР, Дарко Цуцулоски, во вибер групата каде се одвивала координацијата дава комапнда:

’ПП 8725 АД Бел Опел

ПП 725 ЦМ

ПП 7323 АЦ 206 караван

ПП 3420 фиат црвен

ПП 9142 АЕ Пасат зелен

ПП 977 ровер црн

ПП 4125 АД корса сива

ПП 129 ЦХ астра сива

Сите овие возила возат за нив. Гледајте да ги отстраните одма‘

Ова е директна насока и наредба од командирот на ОВР со цел шиканирање на активностите на ВМРО-ДПМНЕ. Од комуникацијата на вибер групата гледаме дека буквално полициските службеници на смена следеле само луѓе кои политички не се согласувале со власта“, рече Ковачки.

Понатаму тој читаше и други пораки. Една од нив, како што тврди, е од Андреј Лашковски – БСП Прилеп кој дава информација: „Јапано вози низ Тризла. Сиво комбе со такси на него“.

На ова, продолжи Ковачки, Александар Крајовски од БПС Прилеп дава насока: „Ако има такси табла, запрете го и барајте му лекарско“.

„Во насоките како да се постапува со возилата предничи Дарко Цуцулоски командирот на ОВР Прилеп кој дава наредба: ’Ако треба измислете прекршок и отстранувајте ги. Ајде остана уште малце до крајот. Не знам кај се наоѓам, ѕвона на сите страни‘“,читаше Ковачки.
Според неговото тврдење, од пораките на командирот Цуцулоски се гледа и дека се правеле списоци за гласање, за што прочита и две пораки со содржина:

„Колеги во четврток и петок е терминот за доставување на списоците по договореното.

Внесувањето ќе биде од 16 до 19 часот“ „Да ве потсетам за вечер, после 18 часот за внесување глас плус важи за сите нас“.

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска истакнаа дека очекуваат истрага и конкретни обвиненија, а доколку не се работи според законот порачаа дека по промената на власта или како што го нарекуваат „ослободувањето на системот“ ќе одговараат и учесниците во ваквите активности, но и тие кои попречиле истрага.

„Јавното обвинителство да постапи веднаш и да го истражи случајот. Очекуваме истрага која ќе резултира со конкретни обвиненија, институциите не сме да се користат за партиски притисоци. Ако институциите кои се надлежни да го расчистат овој случај и да превенираат вакви злоупотреби, не работат по закон и не ги спречат и санкционираат овие дејствија, треба да знаат дека по ослободувањето на системот ќе има одговорност за сите кои учествувале во ваквото организирање, шиканирање и малтретирање, како и тие кои оневозможувале истрага“,рече Ковачки.
За ваквите активности со обвинувања кон владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ обвини вчера.

СДСМ, пак, во целост се оградија од какви било нерегуларности или конструкции за нерегуларности за овие избори. СДСМ, рекоа од партијата, води искрена, приземјена, отворена и јавна комуникација со граѓаните и ги отфрла сите обиди со кои наводни вибер групи би требало да докажат дека СДСМ се занимавал со следење луѓе на денот на избори.