Добитник на годинешната 4-то ноемвриска награда за животна дело на Општина Битола е актерот Петар Мирчевски. Вака одлучи Управниот одбор за доделувањето на наградата 4 Ноември при Општина Битола. Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола рече дека петмина биле пријавени за наградата за животно дело, а Мирчевски беше изгласан. Годинава пак едногодишна награда нема да биде доделена, затоа што од сите 7 пријавени ниту еден не го добил потребното мнозинство гласови.
Инаку Петар Мирчевски е актер со 42 години актерска кариера. Негова матична куќа е Народниот театар во Битола, но тој е актер и во светски рамки и кој неколку пати глумел рамо до рамо со голем број светски актерски имиња. Играл заедно со Моника Белучи, соработувал со Раде Шербеџија, Емир Костурица, Милчо Манчевски и многу други. Играл во над 40-тина филмови и серии.
Во својата кариера, Мирчевски играл во околу 150 претстави.[1] За своите улоги, тој е добитник на повеќе награди, како: „4 ноември“, „Млад борец“, „Војдан Чернодрински“ (трипати), Екрановата награда, „Златна маска“ на Охридско лето и наградата за животно дело „Петре Прличко“[2]. Во 2011 година ја добил наградата на театарскиот фестивал „Денови на Нушиќ“ кој се одржал во Смедерево, Србија.[3], наградата ‘Златна рамка’ од Друштвото на филмски работници. Во 2019 година, Мирчевски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.
Тој исто така е и селектор на програмата на Интернационален фестивал на монодрама во Битола.