Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Тема на денот ги коментираше ставовите на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров.

– Би рекол дека Димитров се согласува со моите позиции, бидејќи би било можеби малку непретенциозно ако кажам дека многу пред него го зборував тоа. За жал, кога тој требаше да биде гласен, молчеше. Сега кога треба да молчи е многу гласен бидејќи најверојатно има некои други причини за тоа, кажа Мицкоски.