Четириесет и седумгодишниот скопјанец И.Ч. се здобил со тешки повреди откако со велосипедот кој го управувал удрил во пешакот Ј.Р. (31).

Несреќата, информира МВР, се случила вчера околу пладне на бул.„Партизански одреди“.

По ударот велосипедистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.